Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба за деца од три до 17 години во Кина, соопштија денеска официјалните лица.

Оваа информација на прес-конференција ја објави Шао Јиминг, истражувач во кинескиот центар за контрола и превенција на болести.

Кина досега искористи вкупно 845,3 милиони вакцини, а вчера се дадени 20,4 милиони дози, покажуваат податоците на Националната здравствена комисија.