Со предложениот ребаланс: Рекордниот Буџет ќе го полни и нова еколошка такса од 3,5 денари за литар дизел

Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела 2020 година. Владата планира од 1 јули да го намали ДДВ за струјата за домаќинства од 18 на пет проценти, за да не се почувствува нејзиното поскапување

183

Од 1 јули на секој литар дизел гориво ќе се наплатува еколошка такса од 3,5 денари. Ова вчера го соопшти премиерот Зоран Заев и ги расчисти дилемите околу тоа дали ќе има и колкава ќе биде давачката што ќе ја оптовари цената на дизелот.

Според премиерот,Владата планира сериозни вложување во екологијата и обновливите извори на енергија. Тој исто така најави и дека Владата планира да го намали ДДВ за струјата за домаќинства од 18 на пет проценти, за дане се почувствува нејзиното поскапување.

Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела 2020 година. Средствата ќе бидат лоцирани во фондовите за инвестиции на обновливите извори на енергија. Намалувањето на ДДВ-то на струјата се планира околу 1 јули и според премиерот тоа ќе важи до 1 јули 2022 година кога ДДВ-то ќе биде 10 проценти до 1 јули 2023 година и кога повторно ќе се врати на 18 проценти.

Еколошката давачка за горивата епланирана во ребалансот на Буџетот, кој веќе е достапен на веб-страницата на Собранието.

Во образложението на предложениот ребаланс не се споменува сумата, ниту пак што ќе се оданочува, но се наведува дека еден од главните приоритети во областа на даночниот систем ќе биде и еколошко, односно зелено оданочување.

-Главни приоритети во областа на даночниот систем се праведност во оданочувањето, поголема ефикасност и ефективност во наплатата на приходите, зголемена даночна транспарентност, подобар квалитет на услугите кои ги даваат институциите на даночниот систем, на начин кој ги поедноставува и забрзува постапките и го намалува административниот товар преку повеќе дигитални услуги, како и воведување еколошко (зелено) оданочување, со цел стимулирање на даночните обврзници преку јавните давачки да придонесат за помало загадување, пишува во образложението на Ребалансот.

Оваа нова давачка несомнено ќе биде еден од начините на кои ќе се зголемат  буџетските приходи планирани со ребалансот. Даночнитеприходи се планирани на повисоко ниво од она со основниот буџет, или конкретно, во структурата на вкупните приходи тиеучествуваат со 55,7 отсто и треба да изнесуваат околу две милијарди евра, што е за 96 милиони евра над проектираното со иницијалниот буџет. Истовремено се најавува раст и на неданочните приходи, од кои треба да се соберат 243милиони евра, или 21 милион евра повеќе од планираното со иницијалниот буџет.

Вкупните приходи со ребалансот се повисоки за 162,6 милиони евра, што е за 4,7 проценти над основниот буџет. Во образложението од Владата е наведено дека проекциите за приходите, меѓу другото, се темелат и на одредени измени во даночната сфера.

Споредпроектираните расходи, пак, годинава го добиваме најголемиот буџетдосега. Планирано е да изнесуваат рекордни 4,37 милијарди евра, што е за околу 350 милиони евра или 8,6 проценти над предвидените со актуелниот буџет. Со тоа расте и буџетскиот дефицит, кој ќе изнесува 750 милиони евра.

-Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП, образложува Владата.

Со ребалансот е предвидено за стоки и услуги до крајот на годинава да се потрошат три милиони евра повеќе, за опрема и машини дополнителни 18 милиони евра, за мебел два милиона евра, а за возила 280.000 евра плус.

Додека Владата оценува дека ребалансот што го скроила е поддршка за стабилна и развојна економија, со фокус на надминување на последиците од кризата преку зголемување на инвестициите и поддршка на компаниите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека фокусот е друг, а со ваков буџет секое семејство ќе биде задолжено со нови 400 евра. Ребалансот на буџетот се уштегонема на агендата на Собранието, но најголемата опозициска партија веќе подготвува амандмани со кои вели дека ќе го направи продуктивен и во интерес на граѓаните и компаниите. (С.В.)