Со поништувањето на огласот, Арсовска спречи вработување на 20 пожарникари

76

Координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева реагира на тоа што градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го поништила огласот со кој требаше да се вработат нови 20 пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а кој бил на крајот од процедурите, а е распишан од Петре Шилегов .

Јанчева смета дека тоа е против интересите на граѓаните на Град Скопје и на штета на Бригадата за противпожарна  заштита.

– Очигледен е недостигот од пожарникари во Град Скопје, дополнително, работните позиции се празнат и со редовното пензионирање, со што се зголемува потребата од нов млад кадар во Бригадата за противпожарна заштита – потенцира Јанчева и додава дека со ваквиот однос Арсовска дејствува опасно кон Бригадата за противпожарна заштита и ја загрозува општата безбедност во Градот.