epa10341434 British boxer Tyson Fury attends the final press conference ahead of Tyson Fury vs Derek Chisora boxing fight at Tottenham Hotspur Stadium in London, Britain, 01 December 2022. EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Британскиот боксер Тајсон Фјури ја одбрани титулата во тешка категорија, во верзијата ВБЦ, откако на стадионот на премирлигашот Тотенхем, го победи сонародникот Дерек Чисора. Но, зад ваквиот успех на „Кралот на Циганите“ се крие нешто што тој секојдневно го прави пред секоја борба, поточно реши да се откаже од сексот цели седум недели за да се фокусира што повеќе на борбата.

„Порано мастурбирав седум пати на ден за да бидам моќен, но овој пат бев во целибат седум недели пред борба. Пробувам нов метод.  Се борев со наполнет пиштол. Но по мечот сакам да правам тројки, изјави Фјури во интервју за американскиот „Barstool Sports“.

Со победата над Чисора, Фјури доби можност да го предизвика Украинецот Александар Усик за обединување на сите титули, нешто што никој не го постигна од Ленокс Луис во 1999 година, но пречка за таа идеја е Хрватот Филип Хрговиќ, кој од ИБФ беше наметнат како следен противник на Украинецот доколку тој не сака да се откаже од појасот.

Фјури по победата над Чисора не ја пропушти можноста и да го испровоцира Усик.

„Каде е зајакот?“, праша Фјури, а потоа продолжи: „Усик, ти си следен, малото џуџе! Веќе срушив еден Украинец Кличко, сега ти си на ред, изјави Фјури и ја најави следната борба.

„Џо Џојс е голем борец, ако малиот зајак Усик не сака да се бори, јас ќе се борам со Џојс на Вембли“, рече Британецот.

Сепак, сега по победата ќе му биде извршена операција на десниот лакт кој го повреди во мечот со Чисора и му следи пауза од најмалку шест до осум недели пред повторно да тренира.

Меѓутоа, ниту Украинецот не му остана должен на Британецот. Тој веднаш по победата на Фјури над Чисора испрати моќна порака.

„Не му кажав ништо на Фјури по неговиот спаринг со Дерек Чисор. Му беше потебно малку да здивне, се виде тоа по бесот во неговите очи. Но јас ја сакам титулата апсолутен шампион во тешка категорија. Луѓето сакаат да ја видат таа борба и воопшто не ми е грижа каде ќе се одржи, може и во Лондон. Само се надевам дека ИБФ федерацијата нема да ми ги расипе плановите“, изјави Усик.

Оваа борба е планирана за март следната година, но дуелот може да биде одложен, бидејќи Фјури најави дека ќе мора да го оперира лактот кој го повреди на мечот со Чисора, а и Усик ќе треба да го исплати официјалниот предизвикувач Филип Хрговиќ за да му се тргне од патот до борбата за обединување на титулите.