Со „Народен непријател“ МНТ гостува во Црна Гора и БиХ

33

Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ на 31 мај ќе гостува на сцената на Црногорското народно позориште, во Подгорица, Црна Гора, а на 2 јуни во Босанското народно позориште, во Зеница, во БиХ.

Како што посочуваат од МНТ, претставата во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, за краток период по премиерата доживеа голем успех и доби повеќе признанија и награди како на домашната, така и на интернационалната фестивалска сцена.