Со млеко против несоница

Добар избор пред спиење

122

Млекото е одличен извор на протеини и ако ја прескокнете вечерата тогаш испијте една чаша млеко и нема да имате проблем да заспиете

Млекото е одличен извор на хранливи материи, добро е за здравјето на вашите коски, а особено ќе имате корист од тоа ако го консумирате пред спиење.

Млеко го подобрува квалитетот на спиењето. Ова е затоа што млекото содржи триптофан и мелатонин. Триптофанот е есенцијална аминокиселина која игра голема улога во производството на серотонин, хормон кој ни овозможува да се опуштиме. Мелатонинот го регулира нашиот деноноќниот ритам, а со тоа и оптималната должина на нашиот сон. Деноноќниот ритам е биолошки ритам во човечкото тело, кој регулира многу неорохуморални процеси во мозокот и со тоа ги контролира и усогласува дневните и ноќните, како и бројни други функции на сите најважни органи во телото.

Млекото е одличен извор на протеини и ако ја прескокнете вечера поради некоја причина и не сакате да легнете со празен стомак, испијте една чаша млеко и нема да имате проблем да заспиете.

Постои психолошки аспект на консумирање млеко пред спиење. Ако го пиете пред спиење секоја вечер, тоа ќе стане ваш вид на ноќен ритам. Веднаш штом ќе ја видите чашата како ве чека на масата покрај креветот, ќе се опуштите максимално и ќе се подготвите да легнете. Исто така, постои можност, консумирањето млеко пред спиење да ве потсети на детските моменти кога сте ја имале истата навика, што може да има смирувачки ефект врз вашата психа и да ви помогне побрзо да заспиете. Подготви: М.А.