Со маски во кабините на жичарниците: Словенија под строги мерки ги отвара скијачките центри

116

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.737 заразени со вирусот, со што продолжува трендот на подобрување на епидемиолошката состојба која трае речиси две недели, а од денеска во земјата се отворени скијачките центри.

Подобрувањето на епидемиолошка состојба во земјата ќе ги подобри резултатите на словенечкиот туризам во зимската сезона, во однос на минатогодишните катастрофални резултати кога претежно беа затворени скијачките центри.

Повеќето од нив имаат доволно снег и од денеска се отворени, во пропишаната епидемиолошка рамка за која се надеваат дека ќе трае до крајот на сезоната.

Скијачите мора да бидат вакцинирани, со потврда дека го прележале вирусот, или со негативен тест, а маски треба да се носат во кабините на жичарата.