Ако вашиот стил, односно облеката е огледало на вашата личност, тогаш домот е вашиот идентитет. Се разбира дека е тешко да го следите трендот во уредувањето зашто знаеме дека за тоа се потребни многу пари. Но тука треба да се примени истото правило како и во облеката – за подновувањето на ентериерот направете го со малку пари, а да изгледа луксузно. Па затоа наместо да се фокусирате на големи, скапи парчиња мебел, додајте мали предмети на вашиот декор кои имаат големо влијание домот да изгледа како да сте потрошиле многу повеќе. Неколку совети проверени во пракса кои даваат одлични резултати:

Без разлика дали станува збор за убава ваза или свеќа во форма на висок столб со уникатна форма така ќе го „дигнете“ и ќе го комплетирате вашиот простор. Со додавање на цвеќиња просторот веднаш изгледа посветло и украсено. Исто така, зеленилото е лесен начин да додадете свежина во домот, а дава и малку боја. Ако можете да одржувате домашни растенија во живот, тоа е дефинитивно плус.

Сите мали предмети, накит, кармин, клучеви за кола ставете ги во убава тацна, декоративна саксија или некоја интересна дрвена кутија. Ако ги ставите малите предмети заедно ќе изгледаат украсно и помалку „расфрлано“.

 

Ова важи и за одделни предмети што сакате да ги издвоите или за кои едноставно немате соодветно место, како што се паричник на пример.

Ако имате можност да ги менувате перниците секоја сезона или кога и да ви здодее, навистина е одлична работа. Кога ќе ги замените сите перници во станот вашиот стан ќе изгледа различно, а нема да потрошите многу пари. Барем кај нас има евтини декоративни перничиња, односно навлаки во кои може да ги ставите перничињата од минатата сезона.

Еве предлози што ќе ги воодушеват сите страствени читатели или оние кои сакаат фенси изглед на полиците. Не може да се негира дека книгите навистина можат да го разубават вашиот простор на најразлични креативни начини. Вашите книги можете да ги распоредите на полицата по боја или да изберете некои со најубави корици и да ги истакнете на масата заедно со други украсни предмети. Навистина, не можете да погрешите со книгите.

Куќата изгледа скапо секогаш кога ги истакнува уникатните, забавни предмети на луѓето што живеат таму. Вашето хоби и омилени работи не мора да бидат скриени во фиоките или плакарите. Можат тоа да бидат стари семејни фотографии, инструменти што висат на ѕид, вашите омилени плочи или албуми, како и модни додатоци – навистина има многу можности.