Редовното вежбање е добро за нашето здравје, тоа е веќе добро позната работа. Стручњаците советуваат дека дури и само 20 минути брзо одење дневно може да ни помогне да живееме подолго. Кој вид на спорт е најдобар во тој поглед?

Едно научно истражување од 1993 година спроведено е на 2.613 најдобри фински спортисти поделени во три различни групи.

Во првата група биле најсилните спортисти кои се занимаваат со бокс, борење или со дигање товар. Во втората група биле спортистите што се занимаваат со екипини спортови – фудбалери, кошаркари и хокеари. А, во третата група биле спортисти на кои издржливоста им е најсилна страна и се занимаваат со маратони, трчање на долги патеки и скијачко трчање.

Истражувачите потоа ги споредиле овие спортисти со 1.712 обични фински мажи кои не биле активни спортисти. Резултатите покажале дека во просек „снагаторите“ живееле 1.6 година подолго, спортистите кои тренирале екипни спортови 4 години подолго, а тркачите, маратонците и другите спортисти од таа група живееле 5,7 години подолго.