Со ковид-19 на инфективните одделенија се лекуваат околу 900 лица

34

Вкупно 883 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 847 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 384 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 499 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало седум приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало девет примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 49 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 131 пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 110 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 9 пациенти. На Клиниката за детски болести има две деца позитивни на Ковид-19 и две мајки, а на ГАК има тројца позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има осум болни.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и изутрината до 8 часот имало 332 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни, а во Куманово 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти, во Прилеп 45, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 24, а во Гевгелија шест лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението