Токму книгата „Теслологија – Потрага за научната оставина на Никола Тесла“ на авторот д-р Стојан Трошански – филозоф, научник, теслолог заснова нова филозофско-научна дисциплина – теслологија, која го проучува и забрзува развојот на колективниот ум на глобалното општество. Во десет глави, книгата дава осврт на повеќе аспекти од професионалниот живот на Никола Тесла, го претставува неговиот придонес во полето на повеќе научни дисциплини: физиката, астрономијата, хемијата, космологијата, информатиката, потоа неговите генијални идеи (проектот „Варденклиф“), експерименти (Тунгускиот експеримент од 1908 година), неговата работа во лабораторијата во Колорадо Спрингс од 1899 година, истражувањата во Канада, комуникацијата со напредна цивилизација…

„Стојан Трошански со книгата ‘Теслологија’ во суштина заснова едно ново учење… Тука се работи за Теслината стратегија на Мирот. Тоа е нешто потполно ново во сфаќањето на човештвото и неговиот опстанок на планетата Земја. Ние мораме да ја воведеме етиката во науката, да ги контролираме научните откритија на еден многу повисок степен на моралност и тоа е она што тој го нарекува ‘теслологија’. Проучување на Тесла – не само на неговата технологија, туку и на етиката и моралот во науката“, ќе посочи проф. д-р Велимир Абрамовиќ кон книгата на д-р Стојан Трошански – „Теслологија – Потрага за научната оставина на Никола Тесла“. Во десет глави, книгата дава осврт на повеќе аспекти од професионалниот живот на Никола Тесла, го претставува неговиот придонес во полето на повеќе научни дисциплини: физиката, астрономијата, хемијата, космологијата, информатиката, потоа неговите генијални идеи, експерименти (Тунгускиот експеримент од 1908 година), неговата работа во лабораторијата во Колорадо Спрингс од 1899 година, истражувањата во Канада, комуникација со напредна цивилизација…

Неповторливиот научник – Никола Тесла

Никола Тесла – ретки се оние кои не слушнале за големиот научник, а во оваа книга Трошански го претставува токму делото на човекот, кој како вели самиот – ја определил иднината на човештвото. „Тој имаше ум што функционира како природата, тој ги постави основите на една нова физика – физиката на етерот и создаваше материја од истиот, ги спозна космичките закони и ја измисли наизменичната струја, а потоа презентираше уште подобро решение – безжичен пренос на сигнали и енергија“, ќе истакне авторот. Светскиот научник со српско потекло, како дури во 21 век да почна да ја добива заслужената слава за своите големи изуми. „Тој беше оној кој го реши енергетскиот проблем на човештвото, ги постави темелите на информациските технологии, роботиката и вештачката интелигенција, комуницираше со планети и цивилизација од Венера за кои само тој знаеше. Ја знаеше енергетската тајна на планетата Земја, или тајната на управување со геофизичкиот систем на планетата Земја. Тесла изведуваше експерименти што и по цел еден век сѐ уште не можат да се повторат од страна на светските научници…“, се вели во делото „Теслологија“.

Теслологија, теслолог – нова дисциплина, нов термин

Токму со оваа студија, со оваа книга авторот д-р Стојан Трошански – филозоф, научник, теслолог заснова нова филозофско-научна дисциплина – теслологија, која го проучува и забрзува развојот на колективниот ум на глобалното општество. „Ние веќе ја живееме информатичката доба на Теслините научни откритија: безжичен пренос на сигнали, далечинско управување и дигиталната информатика. Духовната наука и космолошка етика претставуваат хармонија на идната религија на човештвото обединети со Теслината технологија. За Свест! За Светлина! За нова цивилизација Теслиана!“, ќе истакне рецензентот на книгата Абрамовиќ. За него ова е уникатно, оригинално дело бидејќи за првпат во научната литература го воведува терминот „теслологија“, кој треба да ја опфати целокупната научно-истражувачка работа на Никола Тесла под едно име. Под терминот „теслолог“, пак, се подразбира стручен термин што се однесува на научникот што ја истражува Теслината технологија во својот домен на науката, а кој може да се однесува на повеќе научни дисциплини. Со оглед на тоа дека досега овие научници се условуваат под терминот „теслианци“ или „следбеници на ликот и делото на Никола Тесла“, овој термин прави чекор понапред и со тоа овие истражувачи ги искачува на повисок пиедестал меѓу официјалната научна заедница.

Значи како што ќе истакне Трошански во своето дело, доколку го прифатиме научниот и филозофски концепт на Никола Тесла во доменот на науката, човештвото и науката ќе напредуваат како никогаш досега. „Токму Тесла успеал да ги антиципира физичките закони на универзумот и истите да ги преточи во свои апарати што ќе му помогнат на човештвото технолошки и духовно да доживее свој напредок. Тој е единствениот човек што во познатата историја на човештвото успеал најдобро да се ‘приклучи’ на т.н. Акаша Библиотека – информационото поле на универзумот, вклучувајќи ја секако и нашата планета Земја, и оттаму да ги канализира космичките закони, кои претставуваат објективни закони на природата“, посочува авторот.

Теслиниот модел на морално и космички праведно светско општество

Што претставува цивилизација Теслиана: „Тоа е Теслиниот модел на морално и космички праведно Светско општество…Слободна, неисцрпна и бесплатна енергија од природните извори на нашето опкружување, пред сѐ од светлосниот етер, кој се состои од неограничена низа на енергетски зрачења. Ако за теслианството може да кажеме дека ја означува инспирацијата на следбеникот на Теслината визионерска метода, тогаш за теслологијата може да заклучиме дека е најдлабока и на самиот универзален поредок поткрепена метода на сознавање на тајните на физичката реалност. И, на крај, теслолог е оној што во својата ментална работа настојува да ја следи теоријата на вистината на Тома Аквински ‘Вистината е случајност на умот и реалноста’“, ќе посочи рецензентот кон книгата. Авторот Стојан Трошански, пак, покрај ова дело за порталот „МКД“ потпишува и неколку колумни на тема Никола Тесла, со кои ја запознава македонската јавност со повеќе итересни аспекти од неговата научна работа, како што се проектот „Варденклиф“, неговото побивање на познатата теорија на Ајнштајн и Милева Мариќ, поврзаноста со Сибирската експлозија…

Тој е автор и на книгата „Урбана безбедност – Примена на методот за превенција на криминал преку дизајн на околината (CPTED)“ во која ја претставува современата метода што се користи во развиените држави за превенција на криминал. Автор е и на романот „Таа од 103“ во кој раскажува за безусловната љубов, нејзиното потекло и како таа треба да се нeгува преку симболизмот на бројот 103. (Н.И.Т.)