Меѓународниот тетарски фестивал “Денови на комедија – Куманово 2020“ стартува вечерва (28 септември) со кабаре-претствата „Меѓуигра 0-24“ со босанскиот актер Зијах Соколовиќ.

Ова 23. издание на фестивалот ќе трае до 10 октомври, а ќе бидат прикажани седум претстави.

Во среда на програмата е претствата „Фанови“ во продукција на “УГД“ Штип.

Годинава ќе гостуваат и Театар „Антон Панов“ од Струмица, со претствата „Секс, лаги и љубомора“, Театарско друштво „Маскарад“ Софија со претствата „Не се клади на Англичани“ во режија на Владлен Александров, Театар комедија Скопје, со „Човек, ѕвер и доблест“, Театар „Славија“ од Белград, Србија со „Женски разговори“ и домаќините Театар Куманово со претствата „Солдат“.