Со едно кроше претрпе осум фрактури и деветчасовна операција

175

Поранешниот УФЦ борач, Сејџ Норткат (23) нема по добро да го памети своето деби во азиската организација ONE, откако по само 29 секунди во рингот мораше да мине девет часа во операциона сала.

  • Имав осум фрактури и деветчасовна интензивна операција. Моето лице е како на Терминатор, но не изгледа толку лошо. Наскоро се враќам во рингот. Следно нешто што ќе направам е вградување на катетер, напиша на својот инстаграм-профил Норткат по бруталниот пораз од Космо Александре (37) во Сингапур.

Американецот по три порази во УФЦ шампионатот премина во ONE организацијата, но таму не се прослави на стартот. Неговиот противник од Бразил го дочека на десно кроше со кое му ги скрши коските на лицето поради што мораше да му биде извршена операција.

Колку ќе трае неговата целосна рехабилитација по извршената пластична хирургија засега не е познато.