Со еден клик ќе дознаете кој каде живее – ќе се прави Графички регистар на улици

135

Со теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на лице место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место


Агенцијата за катастар на недвижности ќе воспостави Графички регистар на улици и куќни броеви. Активностите на терен веќе се започнати и се опфатени повеќе населени места во сите скопски општини.

– Описните податоци за улиците и куќните броеви, Агенцијата ги презема по службена должност од Регистарот за имиња на улици и куќни броеви, што се води при Централниот регистар на Република Македонија. Тие ќе бидат ажурирани со теренското прибирање на податоците. Просторните податоци за улиците и куќните броеви, Агенцијата ќе ги прибира од терен, информираат од Агенцијата за катастар на недвижности.

Оттаму апелираат до жителите на населените места да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите.

*Општина Гази Баба (населени места Брњарци, Булачани, Идризово, Јурумлери, Раштак, Страчинци, Црешево, Инџиково, Гоце Делчев, Сингелиќ, Стајковци, Трубарево, Смиљковци, Виниче и Гази Баба);

*Општина Аеродром (населени места Долно Лисиче и Аеродром);

*Општина Ѓорче Петров (населени места Грачани, Кучково, Никиштане, Орман, Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Ѓорче Петров);

*Општина Кисела Вода (населени места Усје, Драчево и Кисела Вода);

*Општина Центар (населено место Центар);

*Општина Шуто Оризари (населени места Горно Оризари и Шуто Оризари);

*Општина Бутел (населени места Љубанци, Љуботен, Радишани, Визбегово и Бутел);

*Општина Карпош (населени места Бардовци, Горно Нерези и Карпош);

*Општина Чаир (населено место Чаир);

*Општина Сарај (населени места Дворце, Арнакија, Бојане, Буковиќ, Глумово, Горно Свиларе, Грчец, Долно Свиларе, Копаница, Крушопек, Ласкарци, Матка, Паничари, Раовиќ, Рашче, Семениште, Чајлане, Шишево, Кондово, Љубин, Радуша, Рудник Радуша и Сарај).

– Со теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на лице место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место – велат од Агенцијата за катастар на недвижности,