Водителката и поранешна пејачка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, минатата година по втор пат се реализираше во улогата на мајка. Таа тогаш на свет го донесе синчето Ѓорѓи, кое сега заедно со ќеркичката Искра се нејзината најголема радост.

Таа освен што ужива во мајчинството, исто така, знае да ужива со нејзиниот миленик Медо, но и во некоја убава книга. Честопати експериментира со нејзините фризури, па така и овој пат се реши на нова промена. Бојана повторнo стана русокоса, а на нејзината коса стави и надградба, поточно екстензии.

Фото: Инстаграм
Бојана со синот за неговиот роденден / Фото: ФБ.

Но, не само тоа, Бојана го прослави роденденот на нејзиното синче Ѓорѓи.

– Сине мој, името Ѓорѓи го доби по својот дедо и прадедо, да бидеш кроток и питом како нив, но истраен и упорен, силен и храбар низ животов, се надевам дека ќе бидеш среќен со сè што ќе одбереш да правиш, а јас душо моја малечка гордо ќе стојам позади тебе. Ти си клучното делче за да се комплетира мојот животен мозаик, те сакам повеќе од себеси! Среќен роденден, напиша Бојана на нејзиниот Фејсбук. (М.А.)