Со два милиони евра туристичка промоција на грчките острови погодени од бегалската и мигрантската криза

21

Грчка национална организација за туризам со финансиска поддршка од Министерството за миграција и азил на Грција во висина од два милиони евра, ќе започне промоција на островите погодени од бегалската и мигрантската криза, јави дописничката на МИА од Атина.

Туристичката промоција на Хиос, Лезбос, Кос, Лерос и Самос во одредени земји од странство била договорена на средбата на надлежниот министер Нотис Митаракис со генералниот секретар на организацијата Димитрис Франгакис.

-Новата туристичка промоција ќе ги истакне разновидноста на туристичките дестинации на островите и археолошките локалитети, гастрономската традиција и локалните производи, културното богатство и нивната поврзаност со одржливиот развој, соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција.