Со Азар во ЛШ

322

Лидерот во италијанската Серија А, тимот на Милан, најверојатно ќе биде следната дестинација на белгискиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Еден Азар. Челниците на „кралскиот клуб“ не кријат дека се максимално разочарани од ефектот на офанзивниот играч за врска и затоа се подготвени да го продадат за време на летниот преоден рок на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 35 мил. евра.