Со автофагија станувате здрави, слаби и витални

680

Светски познати фаци, меѓу кои Новак Ѓоковиќ се, на овој режим на исхрана, а и многу македонски јавни фаци го прифатија овој начин што дал  резултат кој е очигледен         

Многумина можеби слушнале за автофагија, но само малкумина досега се осмелија да го пробаат овој фантастичен природен начин на исхрана и живот кој е и научно докажан дека е извонредно полезен. Тоа е процес на самолекување на самодетоксикација и саморециклирање за слабеење, подмладување и подобрување на здравјето, а е одлична превенција и контрола за болести.

Буквалниот превод на поимот автофагија – значи да се јадете самите! Автофагија последниве години применува светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, а познати македонски бизнисмени и јавни лица веќе имаат очигледна промена на нивниот изглед откако се решија на ваков режим на исхрана.  

Се чини чудно и невозможно, но навистина функционира и всушност со автофагија нашето тело чисти од сè што не е потребно. Таа е еликсир на младоста и виталноста. Овој значаен наод во 2016 година на јапонскиот научник Јошинори Осуми му донесе Нобеловата награда за медицина. Ако сакате да изгубите вишок килограми на природен начин, да го подмладите вашето тело и да бидете поздрави, следете ги основните правила.

Што е автофагија? Автофагијата е еволутивен механизам кој се јавува за време на периоди кога сте гладни и му овозможува на организмот да преживее со создавање енергија, со сопствено рециклирање на организмот. Така, автофагијата се рециклира на клеточно ниво, за време на овој процес оштетените и деформирани клеточни елементи минуваат низ процесот на рециклирање и така ќелијата прима „нов и млад“ материјал.

Автофагијата е одлична за чистење на клетките и не само за отстранување на акумулираниот отпад и токсини во организмот туку и за нејзина трансформација во пофункционално и здраво тело. Акумулацијата на „клеточен отпад“ со текот на годините е една од главните причини за дефект на клетките и побрзо стареење на организмот. Таа му помага на нашето тело да се ослободи од оштетените клетки, потоа клетките кои немаат никаква улога во организмот, како и оние што претставуваат вишок, а исто така и малигните „болни“ клетки.

Автофагијата е клучот за спречување на болести како што се карцином, невронска дегенерација, дијабетес, заболувања на црниот дроб, кардиоваскуларни заболувања, дебелина, автоимуни нарушувања, како и инфекции и воспаленија.

Како се постигнува состојба на автофагија во телото?

Покрај ефектот врз невродегенеративните состојби, таа ги ублажува ефектите на стареење, слабеење, автофагијата го „чисти“ телото на вируси, бактерии, габи, инфекции и има корисен ефект врз имунолошкиот систем. Еден од најдобрите ефекти на автофагија во процесот на губење на тежината е затегнување на кожата и кога ќе изгубите тежина нема остатоци од кожа што висат на телото. Некои општи препораки се дека автофагијата се јавува за време на постот од 16 часа во денот, од вкупно 24 часа. Храна се јаде во рок од 8 часа во денот.

Така, на пример, го јадете првиот оброк наутро во 10 часот последниот оброк треба да ви биде во 18 часот, а  после тоа пиете само вода, до следниот ден во 10 часот наутро. Немате вечера, пиете вода до следниот оброк, утредента наутро. Се разбира, тие 8 часа можете да ги приспособите на себе, кога консумирате храна, во зависност од вашите навики во животот, работата и другите активности.

Трикови за полесно и побрзо стимулирање на автофагијата се: консумирање маслиново масло, брза прошетка, зелен чај, многу вода и витамини Б и Д.  Таа создава енергија, го штити нервниот систем и го стимулира развојот на нови мозочни клетки, ги подобрува когнитивните функции, структурата на мозокот и невропластичноста, го промовира растот и развојот на срцевите мускулни клетки, го штити срцето од срцеви заболувања, а го подобрува и зајакнува имунолошкиот систем. Бенефитот од автофагија освен губењето на килограмите е и многу енергија, што е клучот на сè. (Л.Г.Д.)