Сочен, месест и неодолив плод во август и септември, а чудесен лек преку целата година

285

Смоквите се исклучително корисни, и свежи и суви. А уживањето во свеж, тукушто набран плод е луксуз кој не е достапен секому, затоа искористете ги последните денови од септември да уживате во неговата сладост.

Во текот на целата година, пак, можете да ги консумирате суви и да ги вклучите во секојдневната исхрана на најразлични начини како корисен лек против најразлични нарушувања во организмот.

Смоквите помагаат во регулацијата на работата на гастроинтестиналниот тракт. Високото количество растителни влакна во смоквите помага во слабеењето и во чистењето на организмот од токсините.

Богати се со калциум кој лесно се преминува во организмот. Незаменливи се за луѓето со нетолеранција на лактоза.

Калиумот, пак, кој исто така е присутен во изобилство во смоквите, го јакне срцето. Тие исто така содржат и антиоксиданси, кои го подобруваат имунолошкиот систем и општото здравје.

Потопен во маслиново масло, сувиот плод од смоквата може има ненадминати корисни својства.

За приготвување на овој благотворен лек се потребни 40 суви смокви и маслиново масло.


Измиените и исушени смокви се сместуваат во стаклена тегла и се прелеваат со маслиново масло. Теглата се затвора со капак и се остава во фрижидер да отстои 40 дена. Потоа може да се консумира на тој начин што една смоква во масло на празен стомак ќе ви помогне за јакнење на организмот и за општо здравје, а ќе ги реши и веќе присутните проблеми.