Социјално-битовата драма „Мој Термин” прикажана во Делчево

117

Во Делчево вечерва беше изведена Социјално-битовата драма „Мој термин”. Како што истакна Зекир Абдулов од невладината „КХАМ” од Делчево, претставата е дел од проектот „Менување на негативните наративи кај здравствените професионалци” на Фондацијата Отворено општество – Македонија и има за цел да ги истакне, се уште актуелните проблеми во здравството.

Социјално-битовата драма „Мој термин” има за цел преку иронија и сатира, да ги истакне предрасудите и стереотипите кај дел од здравствениот персонал, пред се во секундарното здраство кои се однесуваат на ромската популација. Исто така претставата опишува и некои појави како надрилекарство, малолетнички бракови и други социјални појави во едно современо ромско семејство, соопшти Абдулов.

Претставата е работена со улоги на млади актери од деветолетката „Ванчо Прке”, гимназијата „Методи Митевски-Брицо”, како и актери од првата актерска генерација во Делчево.

Ова е прекрасна претстава која покрај тоа што ги опишува проблемите со кои се соочува ромското население, не потсети на времињата кога во Делчево театарските претстави беа секојдневие, истакна поранешниот актер Ружди Арифосвски.

Од „КХАМ” најавија дека ваквите активности ќе продолжат се со цел анулирање на негативните појави со кои секојдневно се соочува ромското население.