Социјални пакети за 110 домаќинства од Карпош

174

Вкупно 110 социјално-загрозени домаќинства денеска добија социјални пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена, во пресрет на 3 Ноември- Денот на Општина Карпош.

Во изминатиот период, карпошани донираа продукти во рамки на акцијата „Донирај – подај рака, за твојот сосед“, а денеска овие производи беа поделени во повеќе урбани заедници.

– Станува збор за симболична поддршка, која сепак го олеснува секојдневието на граѓаните. Локалната самоуправа системски делува и ги помага ранливите групи, со доделување на еднократна парична помош, одвојување на буџетсаки средства во случај на пожар или поплава, еднократна помош за новороденчиња и сл-  соопштија од Општина Карпош.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во оваа прилика потсетил дека оваа година сите талентирани ученици и спортисти, независно дали се од социјално – загрозени семејства или не заедно биле на одмор.

Општината аплицираше и на повикот за социјални улуги на МТСП – грижа и нега во домот на стари и изнемоштени лица. Преку овој проект ќе се овозможи зголемена поддршка на повеќе домаќинства, а за испорачување на услугата ќе се ангажираат и невработени лица, кои соодветно ќе бидат обучени за да да пружат нега во домовите на граѓаните кои им е неопходна таква поддршка.

Со ова, подвлекуваат од Општина Карпош, се постигнува двојна цел: ќе има згрижени граѓани, но и ангажирани невработени лица, кои ќе излезат на пазарот на трудот, кои патем ќе имаат приход и ќе бидат поконкурентни