Учебната година е на прагот и децата и родителите веќе се подготвуваат за на училиште. Дел од подготовките е и набавката на потребни материјали за следење на наставата. Тетратки… на пример. Тетратки има за сечиј џеб, но и за сечиј вкус и невкус.

Во малопродажба во Скопје пуштени се во продажба тетратки од хрватско производство со, благо речено, несоодветни слики на кориците. Имено, претставени се Ким Кардашијан и Џенифер Лопез, ликови кои обично не ги посакуваме како идоли на своите деца. Но, пошокантен е начинот на кој се претставени овие две белосветски ѕвезди. Веројатно би можело да се каже софт-порно, со оглед на фактот што и самиот производител ги обележал тетратките дека се наменети за деца постари од 15 години.