Првите три места на листата на најплатени актерки во минатата година, според угледниот „Форбс“, се резервирани за некои од најубавите актерки во Холивуд. Комичарката Софија Вергара и за Анџелина Џоли, а изненадување е Гал Гадот, израелска актерка и режисерка, која ја прослави улогата во франшизата „Чудо од жена“.

Дека талентот за комедии е „на цена“ сведочи и четвртата позиција за необичната холивудска sвезда Мелиса Мекарти, која исто така е изненадување на оваа листа. Актерката која најчесто ја гледавме во ТВ серии направи голем пресврт во нејзината кариера со улогата во брилијантната комедија „Деверуши“ од 2013 година, за која беше номинирана за Оскар. Друга номинација за престижната награда Оскар се случи пред две години за споредна улога во филмот „Можеш ли некогаш да ми простиш?“, што ја смести на самиот врв на А листата на најбарани филмски уметници.

Според мислењето на познавачите на филмската уметност неправда ѝ е нанесена на Мерил Стрип, која со децении со право ја носи титулата најдобра актерка и која е своевиден рекордер по бројот на номинации за Оскар. Четвртата позиција за таква големина нема многу логично објаснување.

Списокот на најплатени актерки по редослед е следниот: Софија Вергара – 43 милиони долари, Анџелина Џоли – 35,5 милиони долари, Гал Гадот – 31,5 милиони долари, Мелиса Мекарти – 25 милиони долари,  Мерил Стрип – 24 милиони долари, Емили Блант – 22,5 милиони долари, Никол Кидман – 22 милиони долари, Елен Помпео – 19 милиони долари. Елизабет Мос – 16 милиони долари,  Виола Дејвис – 15,5 милиони долари.