ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ: Според информација од ЈП МакедонијаПат, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, е целосно во прекин  поради одрон.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец  Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево. 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла до 20м. има на патниот правец Тетово – с.Лисец.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.