Состанок со агентот на Депај

87

Агентот на холандскиот интернационалец од редовите на францускиот гигант Олимпик од Марсеј, Мемфис Депај, Мартен Де Рон, имаше состанок со раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан.

Италијанските медиуми открија дека состанокот траел околу еден час и дека двете страни повторно ќе се видат во следните неколку дена. Милан и пред една година беше заинтересиран за услугите на Депај кој ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 30 мил. евра.