Познатата актерка Салма Хајек има 55 години, но изгледа дека годините за неа се само бројка и тоа го докажува со секоја нова фотографија што ја објавува на социјалните мрежи и која брзо станува вирална.

Актерката, која е во брак со сопственикот на францускиот фудбалски клуб Рен, Франсоа-Анри Пино, на најновата објавена фотографија на социјалните мрежи, седи во вода, потпрена со грбот на карпа и ја покажува својата феноменална форма во син костим за капење.

  • Ако сте заборавиле да направите список со новогодишни одлуки, сè уште е јануари. Сама го направив тоа, но сепак додавам работи, напиша актерката покрај сликата која за само неколку часа собра 500.000 лајкови.