Контроверзниот сопственик на калчолигашот Сампдорија, Масимо Фереро, е уапсен утрово поради финансиски криминал за лична придобивка, но се потенцира дека сите операции се извршени надвор од клубот и Сампдорија нема да биде вклучена во истрагата, пишува новинската агенција „АНСА“.

Фереро бил упасен во својот дом и мирно приведен во полиција, а уште пет лица кои се осомничени како негови помагатели се во куќен притвор.

Само два дена пред овој скандал, Фереро јавно говореше дека веќе е изморен од сите обвиненија и планира да ја продаде Сампдорија доколку добие вистинска понуда.

  • После осум години жртвување, страст и напорна работа, но и период во кој бев лично напаѓан и обвинуван, почнав да се заморувам. Ќе го давам најдоброто за Сампдорија додека можам, но ако дојдат добри купувачи, или пак имате да ми ги понудите, слободно дајте им го мојот број за контакт. Подготвен сум да слушам понуди, – изјави Фереро.