Сопругот на покојната актерка објави трогателна порака: „Во наједноставен момент таа пронајде чудо“

315
Фото: YouTube screenshot

Актерката Ени Вершинг почина вчера по тешка битка со ракот, на 45-годишна возраст. Ени ќе остане запаметена, пред се, по улогата на агентката Рене Вокер во серијата „24“.

Нејзиниот сопруг Стивен Фул со трогателен говор се прости од најважната личност во неговиот живот.

„Во душата на ова семејство денес има огромна празнина. Но, Ени ни остави алат да ја пополниме. Во наједноставен момент пронајде чудо. Неа и требаше музика за да танцува. Таа не научи да не чекаме авантурата да не најде. Оди пронајди ја. Ја има насекаде. И ќе ја најдеме“, напиша Фул.

И откако дозна дека боледува од рак, Ени не се откажа од кариерата, па и по 2020 година беше актер на снимањето на серијата „Star Trek: Picard and The Rookie“.

Вершинг, исто така, му даде глас на Тес во видео играта „The Last of Us“.