Сопругот бил премногу добар кон неа, па одлучила да побара развод

182

Во еден од седумте емирати кои се дел од Соединетите Арапски Емирати, една жена поднела барање за развод до шеријатскиот суд наведувајќи ја како причина љубовта на својот сопруг која била преголема за таа да може да ја издржи.

До Шеријатскиот суд во Фуџејра, жена поднела барање за развод поради тоа што сопругот готвел, чистел и страствено ја сакал, ама таа чувствувала дека таа негова наклоност и добрина ја гушат.

„Никогаш не викал по мене, ниту ми има одбиено нешто“, сведочела „несреќната“ жена на суд.

Сопругот ѝ помагал во одржувањето на домот, понекогаш готвел, и околу ништо не спорел откако се во брак. Таа тврди дека животот ѝ се претворил во „пекол“ бидејќи сопругот бил толку добар со неа.

„Копнеам барем еднаш да се искараме, ама тоа е невозможно со мојот романтичен сопруг кој ми простува сѐ и ме обдарува со купишта пoдароци. Сакам караница, сакам да го изнесе своето мислење, не можам да поднесам толкава послушност“, додала жената која тужи.

Еднаш се пожалила на неговата тежина, па почнал строга диета и вежбал за да се врати во форма, ама поради напорните и интензивни вежби си ја скршил ногата.
Мажот се бранел дека не сторил ништо лошо и дека само сакал да биде совршен и љубезен сопруг и побарал од судот да ја посоветува неговата сопруга да го повлече случајот.

„Не е фер да се суди за бракот по првата година, сите учиме од своите грешки“, се бранел мажот.

Судот на крајот одредил одложување на случајот за двојката да добие можност за смирување.