Сопругата на Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера ја промовира книгата „Планета Двориште“, а повремено на Инстаграм објавува и моменти од животот и фотографии од семејниот дом на задоволство на бројните фанови кои се уште тешко се носат со смртта на својот омилен пејач.


Фановите на Балашевиќ со посебно воодушевување ги проследија објавите од внатрешноста на домот на опеаната новосадска улица „Јован Цвијиќ“, во кој семејството Балашевиќ заедно живееше со децении.

Улицата „Јован Цвијиќ“ опеана е неколку пати во песните на Балашевиќ. Ентериерот во семејниот дом на го носи белегот на Војводина.

Оливера е позната како добра домаќинка што успешно се снаоѓа во кујанта, а многумина беа воодушевени од фотографијата на која се гледа старинскиот креденец со чипка полн со тегли со зачини.

Оливера покажа дел од кујанта во која подготвува палачинки за своето семејство, но и дел од спалната соба.