Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на  фестивалот „Ден на граѓанските организации“

48

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска, во својство на покровител, се обрати на отворањето на третото издание на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ што го организира програмата на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, Цивика мобилитас, а го спроведуваат НИРАС од Данска и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Ѓоргиевска истакна дека граѓанските организации имаат значајна улога за нашето општество бидејќи благодарение на нив се покриваат проблематики коишто би се комплетирале заедно со институциите за да може ефективно и целисходно да се решат одредени проблеми.

-Речиси целава оваа година сме обременети со заканата од КОВИД-19. Сите сме сведоци на згаснување животи, на губење на нашите блиски. Верувам дека ниту пандемијата, ниту што било друго ќе не поколеба и понатаму да останеме активни граѓани, да учествуваме во граѓанските иницијативи, да бидеме членови на невладините организации и да волонтираме. Нашето слободно време е секако нешто што можеме да го даруваме и да го исполниме со активности кои ќе бидат од полза за општеството. Верувам дека со нашиот проактивен став можеме да придонесеме пред сè на локално ниво, но и на ниво на општеството. Има уште многу што да се стори, меѓутоа само заедно можеме да направиме промени што ќе ги подобрат нашите животи, но и ќе го подигнат квалитетот на животот во целото општество, рече Елизабета Ѓоргиевска.

 

На фестивалот учествуваат околу 80 здруженија од кои дваесетина имаат креативни работилници и дебати за посетителите, како има и активности од видот на хуманитарни акции, едукација и заштита на животната средина, арт терапија за деца со попреченост, прва помош и тестирање за ХИВ, уметнички работилници и други активности.

Извор:МИА