Легендарниот американски боксер, Мајк Тајсон, откри дека свопевремено поткупил полицаец, сè со цел да се спаси од апсења и казни предизвикани од неговата тогашна сопруга – Робин Гивенс.

Имено, во интервју за „Комплекс њуз“, Тајсон се потсети на 1988 година, кога неочекувано останал без својот автомобил „Бентли“, откако сопругата го фатила со кондоми во џебот.

  • Иако бев шампион, јас сум од момците кои не се грижеа за здравата исхрана, па затоа често пати јадев плескавици. Еден ден отидов да јадам со сопругата Робин Гивенс, која во еден момент ми најде кондоми во џебот. Но, не оние што може да се купат во близина на продавница. Таа истрча, влезе во Бентлито и се заби во автомобилот пред нас. Сопственикот на автомобилот излезе, пристигна полицијата, почнаа да поставуваат прашања и ме фати паника, започна Тајсон.

Тајсон во тоа време имал 21 година и сè што сакал е да не биде уапсен.

  • Отидов кај полицаецот и само му реков: „Слушај господине, земи го автомобилот“. Кога ми рече: „Немој да ми го нудиш тоа“, знаев дека навистина го сака. Потоа додадов: „Не, не, ми го ставате животот во прашање, земете го автомобилот“. Робин и јас тргнавме со такси, а потоа одлетавме за Њујорк, додаде еден од најдобрите боксери во историјата.