Сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка – Куманово

264

Сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило и автобус се случила попладнево на патот Крива Паланка -Куманово кај месноста Руловица, Кривопаланечко, потврдија од  СВР Куманово.

Во несреќата, според првичните информаци од полицијата, нема жртви.

Од АМСМ информираат дека поради несреќата, сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај месноста Руловица, од 18:40 часот се одвива наизменично.