Сообраќајна несреќа во Мексико, најмалку 14 жртви

26

Најмалку 14 лица загинаа, а околу 20 се повредени во сообраќајна несреќа во западната мексиканска држава Халиско, соопшти државната служба за вонредни состојби.

До несреќата дошло кога на автобусот што ги превезувал работниците, како што изгледа, му откажале сопирачките, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Халисикo.

Во автобусот имало работници на еден производител на овошје, јавува Ројтерс.