Сон глумеше дека е вознемирен и тажен

147

Сон Хеунг-Мин на премногу емотивен начин ја доживеа тешката повреда која ја заработи португалскиот интернационалец Андре Гомеш. За време на првенствениот дуел помеѓу екипите на Евертон и Тотенхем, искусниот играч за врска тргна во продор на противничката половина, но веќе во следниот момент јужнокорејскиот интернационалец стартуваше од позади, а Гомеш падна врз офанзивниот бек на „петлите“, Серж Орие.

Сон доби црвен картон, но јасно е како ден дека немаше никаква намера во неговиот страт врз Португалецот. Крилниот напаѓач со солзи на очите го напушти зелениот терен, а по натпреварот менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, потврди дека Сон е видно вознемирен поради целата ситуација.

Сепак, таквото тврдење не беше прифатено и од поранешниот фудбалер на Нотингем Форест и Ливерпул, Стен Колимур, кој тврди дека Сон глумел дека е вознемирен.

  • Не кажувам дека не требаше да покаже дека е вознемирен или да не покаже никакви човечки емоции. Сон направи ситуација дека сите ќе тргнат кон него, судијата и навивачите. Јасно беше дека немаше никаква намера во неговиот старт, не сакаше да го повреди Гомес. Веќе подолг период ми смета тоа што има тренери и фудбалери кои покажуваа премногу емоции и се плашат од реакцијата која би ја добиле ако не изреагираат како што мислат. Денеска, играчите како да намерно глумат во таквите ситуации се со цел, да имаат влијание врз јавното мислење. Тоа мора да престане, изјави Колимур за „Мирор“.