Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 9.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 32 Целзиусови степени, Маврово 25, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 35, Крива Паланка 28, Берово 29, Дојран 27 степени.

Прогнозата за утре е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне, претежно во северните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во Скопје 32, Маврово 24, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка 28, Кавадарци 35, Берово 28, Дојран 37.