Времето во земјава ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Од изутрина и особено долж Повардарието ќе дува умерен до повремено засилен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 10, а дневната температура од два до девет степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до четири степени.

Во наредните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Засилен северозападен ветер со услови за слаб повремен снег се очекуваат во недела.