Сонот на Бразил е да го освои Светското првенство

24
epa10210674 Players of Brazil line up for the International Friendly soccer match between Brazil and Tunisia in Paris, France, 27 September 2022. EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Селекторот на Бразил, Тите, зборуваше за притисокот врз неговата репрезентацијата пред настапот на Светското првенство во Катар.

  • Не сум одговорен за 20 години без трофеј, туку само за последните четири години. Историјата на бразилската репрезентација е убава и предизвикува притисок, тоа е точно. Очите на цела земја која е заљубена во фудбалот се вперени кон нас. Ова особено важи за децата, за кои фудбалот е дел од нивното образование. Има притисок, но ние сме мирни. Разбираме дека има можности во животот. Соништата се дел од тоа. Сонуваме да го земеме трофејот и да станеме светски шампиони. Ако не, тогаш сакаме да го покажеме максимумот. Само еден тим ќе стане шампион, изјави Тите.

Бразил последен пат го освои Светското првенство во 2002 година.

Натпреварот Бразил – Србија се игра вечер од 20 часот во Лусаил.