Кеван Чендлер (32) е обичен човек со извонредна приказна. Тој живее во Форт Вејн, Индијана, со двајца цимери и многу сака да патува. Во текот на летото 2015 година тој и неговите пријатели поминале три недели патувајќи низ Европа, а заедно ја истражиле и Кина.

Foto Facebook: We We Carry Kevan

Кеван ги доживеал сите неверојатни работи за кои сонувал, иако поради болест не може да се движи.

Откако неговите пријатели му помогнаа да го прошета светот, тој го започна светското движење „Го носиме Кеван“, кое станува сè попознато секој ден.

Тој е најмладиот во семејството и има посебна врска со неговата сестра Кони, која исто така страда од мускулна атрофија.

„Одам низ животот со семејството, чекор по чекор “, рече Кеван за USATODAY.

„Нашите родители се многу креативни, па ни помогнаа да сфатиме како да се бориме во животот. Сестра ми е постара од мене, па таа некако ми го покажа патот и ми отвори многу врати“, вели светскиот патник.

Тој признава дека дури и по 30 години, тој не навикнал на состојбата во која се наоѓа.

„Имам 32 години и моите раце сè повеќе ја губат силата. По толку години, тоа е само фрустрирачко“, вели тој.

Кеван го поминува своето време во подигнување на свеста за лицата со посебни потреби. За разлика од неговата сестра, која поради својата состојба го зема лекот спинраза, Кеван одбива лекување и лекови.