Сомнеж за можна експлозија на аеродромот во Приштина, патниците ја напуштиле зградата

123

Косовската полиција вечерва добила информација дека е можна експлозија на меѓународниот аеродром во Приштина, а патниците ја напуштиле зградата, јавуваат Репортери.

Портпаролката на полицијата Фљора Ахмети потврди дека косовската полиција вечерва добила информации за сомнежи за можна експлозија на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“.

Ахмети вели дека полицијата ги презела неопходните дејствија, а патниците биле изнесени од аеродромот.

„Околу 21 часот добивме информации за сомнежи за можна експлозија на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“. Полицијата веднаш излезе на лице место и почна да ги презема потребните оперативни дејствија за менаџирање на ситуацијата“, рече Ахмети.