Солскјер: Ни треба повеќе време

77

На Манчестер јунајтед им треба време да се развијат, но треба да се борат да се квалификуваат за првите четири во Премиер лигата, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи” Оле Гунар Солскјер.

Дваесеткратните шампиони ги совладаа Тотенхем и шампионот Манчестер Сити во последните две кола од ПЛ и сега се на петтото место во пласманот со 24 поени.

Никогаш не било смешно да завршиш во првите четири. Не зборуваме за освојување на шампионатот во моментов, но јас секогаш велев дека ни треба време. Треба да се развиваме како тим. Ќе го сториме тоа затоа што имаме правилен пристап. Во декември, јануари, февруари, март и април има премногу натпревари. Мора да продолжиме да го правиме она што го правевме досега. Верувам дека резултатите ќе дојдат, рече норвешкиот стратег.

Јунајтед е на пет бода зад четвртопласираниот тим во Премиер лигата – Челзи.

Периодот што ни претстои е исклучително важен за нас. Сакаме да освоиме поени дома. Знам дека ситуацијата со Евертон е подобра со Данкан Фергусон. Го гледав нивниот меч со Челзи и сфатив дека ќе биде исклучително тешко за нас. Сакаме да ја задржиме нашата форма од последните дуели затоа што заостануваме, рече Солскјаер.

Доцна синоќа екипата на Манчестер го совлада АЗ Алкмар со 4:0 и се квалификуваше за 1/16-финалето во Лигата на Европа.

„Црвените ѓаволи” играат против Ватфорд, Њукасл, Барнли и Арсенал за време на празничната сезона во Англија.

Во недела, Јунајтед е домаќин на Евертон.