Шпанскиот кошаркарски гигант, екипата на Реал (М), сосема очекувано славеше со 93:79 над Валенсија, тим во кој игра македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

Димитријевиќ одигра солиден меч и успеа да реализира 12 поени со кое беше втор стрелец кај домашните. Нашиот плејмејкер погоди две тројки од три обиди, но имаше слаба реализација од шутот за два (3/10). Валенсија по пет кола има скор од две победи и три порази.