Солидарност: Слики за македонското здравство од уметникот Мајкл Клос

65

Канадскиот и светски уметник со македонско потекло Мајкл Клос во знак на солидарност и признателност кон македонското здравство подари свои уметнички дела. Ликовни дела се испратени и до министерот за здравство Венко Филипче, Инфективното одделение на Општа болница во Охрид, директорот на Општата болница во Охрид, д-р Горан Балевски, кој, пак, одлучил да го отстапи на Одделот за неуро – психијатрија.

На 12 август ликовните дела ќе бидат предадени од страна на медицинската сестра во пензија, Злата Змејкоска Гашпаревиќ.

Клос своите дела честопати ги донира за да им помогне на добротворните организации. Лани на 17 август во Куќа Уранија – МАНУ, во Охрид беше отворена самостојната изложбата на Мајкл Клос. Тој е роден 1954 година во Торонто. Зад него стојат речиси 300 самостојни и групни изложби, во педесетина земји во светот, десетици ликовни колонии… Сликарството е главна преокупација на Клос, но веќе долго време работи и како графички дизајнер и сценограф. Има работено и на филмот „Тројца мажи и бебе“ и „Т и Т“.