Солзавец и водени топови на протест во Бангкок

38

Тајландската полиција употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои протестираа денеска пред воената база во Бангкок, повикувајќи го кралот Маху Ваџиралонгкорн да се откаже од директната команда со воената единица, која е таму стационирана.

Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата и тргнаа директно кон барикадите од контејнери и бодликава жица на влезот во базата на 1-от пешадиски полк во Бангкок, една од неколкуте воени единици кои премиерот Прајут Чан-Оче во 2019 година ги стави под команда на кралот.

Тајландско политичко движење предводено од млади беше формирано минатата година со барање за оставка на Прајут и го скрши табуто, со повик за реформи во монархијата.

Извор:МИА