Со инциденти пред грчкиот Парламент заврши протестот против вакцините, организиран преку социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина.

Полицијата употреби солзавец, но и најмалку три цистерни со вода за да ги растера граѓаните.

Демонстрантите, како и минатата среда, одржаа протест на плоштадот Синтагма во центарот на Атина и извикуваа слогани против вакцините, против задолжителната вакцинација, против Владата, но и против новинарите.