Шпанскиот интернационалец Феран Соле одби неколку европски клубови за да се договори со екипата на ПСЖ. Тој имаше понуди од Киелце и Монпелје, но на крај одлучи да заигра во ѕвездениот тим кој го предводи поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез. На екипата од Париз тој ќе и се приклучи наредната година.

  • За мене е чест да потпишам договор со ПСЖ. Ќе имам можност да играм во Лигата на шампионите и да соработувам со еден од најдобрите тренери на светот, Раул Гонзалез, изјави Соле.

Тој стави потпис на тригодишен договор со трајност до јуни 2023 година. Првата сезона во дресот на Тулуз, шпанското десно крило ја заврши со 123 гола и веднаш го привлече вниманието на ракометна Европа.

Соле се очекува да го наследи легендарниот Лук Абало кој има 36 години и се наоѓа на крајот од својата играчка кариера.