Победата на Филаделфија над Оклахома со 120:113 во НБА лигата ќе остане во сенка поради повредата на кошаркарот на „пејсерси“, Џоел Ембид, кој ги згрози навивачите кои седеа во близина.

Ембид се обиде да блокира еден шут на почетокот на мечот, а тој потег го чинеше дислокација на еден прст на левата рака, но и покрај тоа успеа да го одигра целиот натпревар запишувајќи 20 поени.

  • Малку недостасуваше да повратам кога го видов, но мило ми е што се врати на теренот по една таква повреда. Ни беше потребен, тој е неопходен за тимот. Мило ми е што не загубивме, истакна соиграчот на Ембид, Бен Симонс.

Повредата ја опиша и самиот Ембид, кој по лекарската интервенција со бандажиран прст го одигра целиот меч.

  • Почуствував кога ми „пукна“ прстот и мислев дека го скршив. Ми направија неколку тестови и ми кажаа дека не е ништо сериозно, истакна кошаркарот на Филаделфија, на кој му беа направени дополнителните снимки на кои беше потврдено дека прстот не бил скршен.

Што се однесува до преостанатите дуели, кошаркарите на Портланд славеа на гостувањето кај Торонто со 101:99, пред се благодарение на „отпишаниот“ Кармело Ентони кој на четири секунди до крајот погоди за победа запишувајќи 28 поени.

Останати резултати: Кливленд – Детроит 113:115, Бруклин – Портланд 103:111 (по прод.), Мемфис – Минесота 119:112, Феникс – Сакраменто 103:114, ЛА Лејкерс – Њујорк 117:87.