Бен Симонс е навистина кошаркар каков што досега немало во НБА лигата. Австралиецот долго време одбиваше да игра, последен меч му беше во плејофот во 2021 година против Атланта. Оттогаш се  одби да игра во Филаделфија, која мораше да го трејдува, а потоа не беше ниту во дресот на Бруклин.

Тој допрва треба да дебитира за тимот и покрај тоа што му се приклучи на Бруклин во февруари, а сега се појавија шокантни детали за неговото однесување од минатата сезона.

Симонс наводно дошол повреден во Бруклин, иако прашање е каде се повредил, бидејќи многу пред тоа едноставно не сакал да игра за Филаделфија. Меѓутоа, кога Бруклин Нетс ги загуби првите три натпревари од плејоф серијата против Бостон, тимот јавно побара од Австралиецот да игра.

Кошаркар чија плата минатата сезона изнесувала 33.000.000 долари едноставно ја одбил и тоа на неверојатен начин. Тој едноставно го напушти групниот разговор и одби да одговори на ова прашање. После тоа тимот се буни, а тоа најмногу му пречеше на Кевин Дурант. Нетси го загубија следниот меч, а Дурент на еден од тренинзите јавно праша „со кого играм“.