Пирето од компир е вистинска класика меѓу прилозите. Многу го подготвуваат на тој начин што ќе го излупат компирот, ќе го сварат во вода, по што добро ќе го пасираат. Потоа се додава малку млеко, путер, морско оревче, сол и бибер.

Тоа е основниот рецепт.

Но, професионалните готвачи тврдат дека со помош на едноставен трик, пирето може да добие уште поубава арома

Имено, компирот е како сунѓер – ја впива течноста во која се вари, поради што подоцна лесно може да се пасира во пире. Но, бидејќи водата не дава никаква арома, затоа најдобро е компирот да го варите во малку посолено млеко.

Така компирот ќе стане кремаст и ќе земе од вкусот на млекото. Освен тоа во текот на варењето можете во млекото да додадете и малку густин. Ако подоцна ви биде потребно уште малку течност, можете да додадете од течноста во која се вареше компирот.

Поинтензивен вкус пирето ќе добие и ако компирот се вари во павлака за готвење зачинета со малку свежи билки, како мајчина душица или рузмарин.

Уживајте во вкусот!