Дома МАКЕДОНИЈА Советот на јавни обвинители: Ние не можеме да утврдуваме одговорност кај Русковска

Советот на јавни обвинители: Ние не можеме да утврдуваме одговорност кај Русковска

91

Обвинителката Вилма Русковска денеска нема да се појави пред Советот на јавни обвинители туку испратила писмено образложение за смс пораката што им ја испрати на Апелациските судии кои на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и го заменија притворот во куќен притвор, порака која отвори војна меѓу судиите и јавните обвинители,пренесува Фокус.

Претседателот на Советот за јавни обвинители, Ацо Колевски, во изјава за Фокус, објаснува дека тие како Совет побарале писмена изјава од Русковска. Оваа изјава тие ќе ја разгледуваат во текот на денот и се очекува да донесат некаков заклучок или став за нивната колешка, но Колевски вели дека тие законски не можат да уврдуваат одговорност.

„Ние можеме да заземеме само заклучок или правен став во однос на настанот. Утврдувањето на одговорност е посебна постапка, Советот во овој момент нема такви законски ингеренции. Доколку има одговорност, постапката ја покренува државниот јавен обвинител, треба дисциплинска комисија или етичкиот совет да расправа, ние одлучуваме после дисциплинската постапка по жалба. Ние сме крајна инстанца при носењето на одлуката, не сме иницијатори или предлагачи за спроведување на постапка за одговорност“, објаснува Колевски.

Нивниот заклучок или став ќе биде објавен во текот на денот. Советот ќе се состане откако судиите од скопска Апелација испратија допис до нив за пораката на Русковска.

Судирот меѓу судиите и обвинителката се случи по нивната одлука да ја пушатат Јанева од куќен притвор. По објавувањето на одлуката, Русковска на судијата, Јани Нича му испратила смс порака која судиите ја објавија и ја обвинија обвинителката за вршење притисок.